14 јулиরজাদল ntiarsাকেgumst
Шаблон:Јули 2019
14 јули е 195-иот ден во годината според григоријанскиот календар (196-и во престапна година). Остануваат 170 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1789 | Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција. |
| 1867 | Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за прв пат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум — динамитот. |
| 1933 | Националсоцијалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии. |
| 1999 | 17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот. |
| 2006 | Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години. |
Родени:
| 1743 | Гаврила Романович Державин — руски класицистички поет. |
| 1801 | Јоханес Петер Милер — германски физиолог, анатом, ихтиолог и херпетолог. |
| 1817 | Мадам де Стал — француска писателка, основоположник на францускиот романтизам. |
| 1862 | Густав Климт — австриски сликар-симболист. |
| 1904 | Исак Башевис Сингер — американски писател и Нобелов лауреат. |
| 1910 | Вилијам Хана — американски аниматор, продуцент и режисер на цртани филмови. |
| 1918 | Ингмар Бергман — шведски филмски и театарски режисер и сценарист. |
| 1942 | Хавиер Солана — шпански политичар. |
| 1945 | Владимир Светиев — македонски глумец. |
| 1946 | Кирил Дојчиновски — македонски и југословенски фудбалер. |
| 1966 | Тања Донели — американска рок-музичарка. |
| 1971 | Хауард Веб — англиски фудбалски судија. |
| 1985 | Јанко Божовиќ — австриски ракометар. |
Починале:
| 1223 | Филип II Август — француски крал. |
| 1887 | Алфред Круп — германски индустријалец и производител на оружје. |
| 1939 | Алфонс Муха — чешки сликар и илустратор, основоположник на стилот арт нуво. |
| 1944 | Благој Јанков - Мучето — народен херој на Македонија. |
| 1968 | Константин Паустовски — руски и советски писател. |
| 1971 | Мак Диздар — босански и југословенски поет. |
| 1998 | Ричард Мекдоналд — основач на најголемиот ланец на ресторани во светот — „Мекдоналдс“. |
- Јануари
- Февруари
- Март
- Април
- Мај
- Јуни
- Јули
- Август
- Септември
- Октомври
- Ноември
- Декември