Кирил ЌамиловeSsg Hx Yb K
Кирил Ќамилов (Велес, 28 јануари 1898 - Скопје, 8 септември 1976)[1] бил македонски универзитетски професор и фолклорист. Бил учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОВ.
Биографија[уреди | уреди извор]
Студирал на универзитетот Сорбона во Париз (1924). Завршил Филозофски факултет во Прага, а докторирал на Универзитетот во Нанси во 1936 година на тема „Прилог кон проучувањето на детето. Современи теории и методи“.
Во Шпанија дошол од Белгија во јануари 1937 година. Бил во баталјонот „Георги Димитров" и баталјонот „Дуран". Капетан. Учествувал во НОБ од 1944 година.[2]
По ослободувањето, во периодот 1947-1953 година, бил еден од првите професори на Филозофскиот факултет во Скопје по Историја на педагогијата и научен соработник во Институтот за фолклор во Скопје до пензионирањето во 1968 година.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Нова Македонија“, 9 септември 1976, 3 стр.
- ↑ Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна во Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.) „Во интернационалните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989, 215-220 стр.
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, 1521 стр.
| Оваа биографска статија за за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |